Децата треба да научат да ги негуваат различностите

Децата треба да научат да ги негуваат различностите

Децата треба да научат да ги негуваат различностите br Дечињата во штипската градинка „Астибо" преку цртежи, игри и театар ќе учат како да се премостат разликите и да градат капацитети за мир толеранција и почитување. br Врз основа на истражувањата од активностите, ќе се изработи акционен план, кој ќе се користи за едукација за почитување на различностите и градење на мир кај децата од предучилишна возраст. Детската градинка Астибо е меѓу 11-те градинки во државата, каде се спроведува програмата „Партнерство за помирување преку раниот детски развој и образование во Европа". br Детската Амбасада „Меѓаши", веќе трета година по ред ја спроведува оваа програма од регионален карактер, во која се вклучени градинки не само во земјава, туку и организации во Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Ирска. Катерина Конеска, раководител на програмата, истакна дека проектот предвидува неколку компоненти, од кои една е и работата со децата во градинките. br Темите од истражувањата понатаму ќе бидат предмет на еден поопсежен мониторинг. Акциони планови и стратегии понатаму ќе бидат публикувани и ќе можат да се користат за едукација во градинките. Проектот се реализира трета година и треба да заврши во мај следната година.


User: FIRST CHILDREN'S EMBASSY IN THE WORLD MEGJASHI

Views: 3

Uploaded: 2015-12-02

Duration: 02:30

Your Page Title