Дисциплина и љубов наместо насилство кон децата

Дисциплина и љубов наместо насилство кон децата

Семејното насилство врз децата е проблем што низ формите на психичкото, физичкото и емоционалното малтретирање се појавува како еден од најчестите со кои се соочува најмладата популација и може да придонесе децата да станат агресивни и да манифестираат девијантно однесување, констатираат од „Меѓаши“ Девојче што не наполнило 14 години, со потекло од урбано македонско семејство што се соочува со сиромаштија, е генералниот профил на еден малолетник од Македонија што во изминатата година бил потенцијална жртва на прекршување на неговите права или жртва на семејно насилство. br До овој податок може да се дојде преку анализа на извештајот за работа на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, кој беше презентиран вчера. По 23 години работа на СОС-телефонот, како што истакна основачот Драги Змијанац, илјадници детски судбини биле пријавени и слушнати во околу 21 илјада пријави. br - Ако во почетокот главна карактеристика на пријавувачите беа осаменоста, отуѓеноста и агресијата, за жал, оваа година се повторува истата слика. Во извештајот за минатата година тоа се сиромаштијата, проблемите при бракоразводните постапки, семејното насилство и сексуалната злоупотреба - истакна Змијанац. br Во текот на 2015 г. вкупниот број јавувачи што ги регистрирале од „Меѓаши“ е 113, а вкупниот број контакти остварени потоа е 146. Врз основа на информациите што ги добиле за можни прекршувања на правата на децата, идентификувани се 104 потенцијални жртви. br На прво место е сиромаштијата, која била проблем на 36 деца, потоа се оние со проблеми при бракоразводните постапки - 16, но тука е и семејното насилство, кое, како што истакна Змијанац, е проблем со кој децата „традиционално“ се соочуваат. Тоа се појавува во форма на психичко, физичко или емоционално малтретирање, а биле идентификувани 11 потенцијални жртви. br - Ова со години наназад се провлекува како проблем. Центрите за социјална работа имаат клучна улога да го дефинираат проблемот во дисфункционалното семејство и навремено да детектираат вакви состојби за да можат психолозите, педагозите, социјалните работници што ги има во училиштата да постапат соодветно и да ги заштитат децата - истакна Змијанац. br За овие малолетници, пишува во извештајот, постои опасност да го прифатат агресивниот модел на однесување од страна на родителите како начин на живот и во иднина да покажат насилство. Дел од активностите што ќе се спроведат за негово препознавање се обуки во рамките на проектот „Одговорно родителство“. Дел од нив ќе бидат за наставниците и воспитувачите за тоа што значи телесно казнување, но и за тоа како да препознаат семејно насилство, како институционално да се пријави случајот и да заштити детето-жртва.


User: FIRST CHILDREN'S EMBASSY IN THE WORLD MEGJASHI

Views: 2

Uploaded: 2015-12-26

Duration: 01:55