ПРОМОВИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА „МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ“ - YouTube (360p)

ПРОМОВИРАНА ПРОГРАМАТА ЗА „МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ“ - YouTube (360p)

Најнови вести Источен регион Програма за „Мировно образование“ СОУ „Ванчо Прќе“ Виница br megasi br Програма за „Мировно образование“ СОУ „Ванчо Прќе“ Виница br Тања Велкова 28102016 Источен регион, Најнови вести, Топ 627 прегледи br br Програмата за мировно образование што од 2011 тата година ја спроведува Првата детска амбасада во светот – Меѓаши од оваа година почна да се реализира и во СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница. Цел на програмата е промовирање на мирот и ненасилството како основни вредности на кои треба да им се посвети поголемо внимание. Мировното образование се темели на потребата од превенција на насилството и превенција на можни нови судири. На полето на превенцијата не се преземаат доволно активности во училиштата и тоа е една од причинините што младите од различни етнички групи се оптоварени со предрасуди, а тоа често завршува со конфликтни ситуации, тепачки, навредувања. За таа цел почнаа да се реализираат активности за почеток во пет гимназии во Македонија меѓу кои и виничката. По повод Светскиот ден за борба против трговијата со луге 18 октомври беше организирана проекција на фил со дебата околу застапеноста на таа појава во денешно време и ризиците што постојат. br br Од голема важност е и водењето на кампањата „Мирот е секој чекор“ но и воведувањето на предметот Мировно образование во училиштата. br br Културата за мирот, се гради уште во градинка и за таа цел имаат вклучено и градинки од три општини кои културата за мирот ја вклучуваат во Програмата за ран детски развој. Змијанац упати апел до Министерството за образование и наука да ја прифатат иницијативата за воведување на предметот како голем предизвик за сите проблеми воочени во минатато со градење на култура за мир уште од мали нозе и воведување на предмет во образованието ќе се успее да се изгради една овозможувачка околина во која ќе се комуницира без предрасуди и недоразбирања.


User: FIRST CHILDREN'S EMBASSY IN THE WORLD MEGJASHI

Views: 0

Uploaded: 2016-10-30

Duration: 03:21