Се зголемуваат случаите на сексуални напади врз деца

Се зголемуваат случаите на сексуални напади врз деца

Се зголемуваат случаите на сексуални напади врз децаbr Секоја година во земјава има десетици сексуални напади врз деца помлади од 14 години. Само во последните 5 дена се регистрирани 2 вакви случаи и тоа во Битола и Тетово. Официјално во земјава се регистрирани 303 педофили, од кои 13 се жени, а нивните жртви се деца до предпубертетска возраст, поточно деца до 13-14 години.br Поголемиот дел од педофилите се на слобода, а според студиите, веројатноста да го повторат кривичното дело е и до 75 отсто. Министерството за внатрешни работи во последниве 10 години евидентирало 387 сексуални напади врз деца, а ова е статистиката за последните четири години.br Сексуални напади врз деца помлади од 14 годиниbr • 2019 – 30 случаиbr • 2020 – 35 случаиbr • 2021 – 28 случаиbr • 2022 – 22 случаиbr Државата никако не најде ефикасен начин да ѝ пристапи на оваа појава. До пред четири години во кривичниот законик се предвидуваше и хемиска кастрација на дијагностицираните педофили, но иако оваа мерка никогаш не беше спроведена, државата реши и да ја отстрани од законската регулатива.br Во моментов единствена мерка што се презема е затворска казна, а како превентивна мерка на веб-страницата „registarnapedofili.mk“ се објавуваат личните податоци на педофилите како фотографија, име, презиме, прекар и адреса на живеење.br Драги Змијанац од Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја истакна потребата од заострување на овие мерки, бидејќи, како што вели, несоодветното лекување на педофилите и нивното пуштање на слобода предизвикува дополнителна траума кај децата кои биле жртви.br Со цел граѓаните да проверат дали некој од нивната околина е потенцијален сторител на некое од 11-тте кривични дела поврзани со педофилија, нивните лични податоци остануваат во јавниот регистар во текот на нивниот живот, па дури и по излегувањето од затвор се принудени да се појавуваат во суд еднаш годишно.Alsat.


User: FIRST CHILDREN'S EMBASSY IN THE WORLD MEGJASHI

Views: 1

Uploaded: 2023-04-21

Duration: 02:31

Your Page Title