Prikazna С5⧸Еп.25 - Моќта на пријателите, во добро и во лошо

Prikazna С5⧸Еп.25 - Моќта на пријателите, во добро и во лошо

„Во сиромаштија и други несреќи во животот вистинските пријатели се сигурно засолниште. Тие ги чуваат младите од зло, ги утешуваат, им помагаат на возрасните во нивните слабости и ги поттикнуваат тие кои се во добросостојба". Оваа мисла на Аристотел беше нашиот мотив за новата тема во Приказнаbr Пријателствата се од витално значење за добросостојбата на човекот, но потребно е време да се развијат и не можат вештачки да се создаваатbr Многу истражувања покажуваат дека луѓето кои имаат пријатели, живеат подолго и посреќно. Секако, за нашето здравје, не се добри сите видови на пријателства. Одредени истражувања дури и покажале дека лошите пријателски релации влијаеле на незадоволство, па дури и здравствени тегоби.br Пријателството е една од најсложените, но и најубавите врски кои ги градиме во животот. Може да помогне во надминување на проблемите што произлегуваат од социјалната дезориентација, незадоволството од одредени социјални организации или институции. Генерално, пријателите прават повеќе еден за друг, отколку оние што не се пријатели и кога носат одлуки за нивните интеракции, тие ги имаат предвид конкретните грижи, потреби и желби на своите пријатели.br Другарството стекнато во детството го поттикнува себепочитувањето, што позитивно влијае врз ставот кон романтичната врска и кон семејството во зрелата возраст. br Пријателствата нè расположуваат, нè одржуваат во позитивна благосостојба и ни го прават животот поубав.br Датумот 30 јули е избран за Светски ден на пријателството, од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации со идејата дека пријателството помеѓу народи, земји, култури и индивидуи може да инспирира мировни напори и да изгради мостови помеѓу заедниците. Овој „празник“ за првпат бил прославен во 2011 годинаbr Празникот на пријателството се славеше и претходно, но не беше признат официјално. Во негова чест, во 1988 година сопругата на тогашниот Генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го прогласи мечето Вини Пу за светски Амбасадор на пријателството на ОН.


User: FIRST CHILDREN'S EMBASSY IN THE WORLD MEGJASHI

Views: 2

Uploaded: 2025-10-15

Duration: 42:59

Your Page Title